Приказ на предметите според таг: konkursi
MOOC курсеви за англиски јазик
Американскиот Стејт департмент и Универзитетот во Пенсилванија нудат бесплатни онлајн курсеви под кратенката MOOC, кои се наменети за изучувачи на англискиот јазик за најразлични полиња. Овие курсеви се достапни преку платформата „Coursera“, платформа која соработува со врвни универзитети и организации ширум светот. Курсевите од секое поле се организираат двапати годишно и се со следниве теми:
Конкурс „Слободата на изразување во мини-видео“ 2016
Францускиот институт во Скопје, во соработка со асоцијацијата Метаморфозис и регионот Нормандија, го организира второто издание на конкурсот „Моето мини-видео“.
Конкурсот е отворен за младите од 18 до 28 години (по можност франкофони или англофони), кои се интересираат за мултимедијалната сфера (потребно е да имаат смартфон со камера).
Бесплатен курс по шпански јазик
Во тек е пријавување за основен курс по шпански јазик, кој се имплементира преку веб-страницата iVersity.
Повик за учество на Конференција „Младите и животната средина”
На 7 мај 2016 година, „Ајде Македонија!“ и Работната група за животна средина на Мировниот корпус ве покануваат на овогодишната Конференција за обука, која оваа година е на тема „Младите и животната средина”.
Фокусот е на доброволното учество на младите во животната средина и како да се започне граѓанското движење со еколошки цели. Конференцијата ќе се одржи во Меѓународна фондација „Борис Трајковски“, ул. „29 Ноември“ бр. 17/21, Скопје (спроти Универзална сала), од 9.30 до 14.30 часот. Македонското еколошко друштво, На точак и Екологисти без граници (Ekologi brez meja - Словенија) ќе имаат презентации за граѓанско дејствување, волонтерство и основата на активизмот во животната средина.
Конкурс за доделување на стипендии за постдипломски студии од Министерството за образование на Јапонија за 2017 - 2019 година
Доделените стипендии се однесуваат за усовршување или постдипломски студии:
а) Усовршување: времетраењето на стипендиите е две години (април 2017 - март 2019 год.) или една и пол година (октомври 2017 - март 2019 год.);
б) Постдипломски студии - магистратура или докторат (април или октомври 2017 година).
Првите шест месеци од престојот се посветени на изучување на јапонскиот јазик.