Стипендиите се наменети за усовршување или постдипломски студии во сите научни области. На кандидатите не им е дозволено да се усовршуваат или да ги реализираат постдипломските студии во Јапонија во област што не е сродна со областа во којашто ги завршиле своите додипломски студии.
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Да се државјани на Република Македонија;
- Да не се постари од 35 години во периодот на започнување на престојот во Јапонија;
- Да се стекнале со универзитетска диплома или да се пред завршување на студиите (да дипломираат до март или септември 2017 год.);
- Да бараат усовршување во својата или сродна научна област;
- Да се согласни да го изучуваат јапонскиот јазик.
Стипендијата вклучува:
- Месечен надоместок:~143.000–145.000 јапонски јени/месец;
- Авионски билет (Македонија – Јапонија – Македонија);
- Школарина.
Потребни документи за конкурирање:
(1) Пополнета апликација (веб-страница на МОН) и две (2) оригинални фотографии (4,5 x 3,5 см);
(2) Област на студии и Програма за планот на истражување (веб-страница на МОН);
(3) Уверение за положени испити со оценки и просечен успех (оригинал или фотокопија заверена на нотар) и негов превод на англиски јазик од овластен судски преведувач;
(4) Диплома за завршен факултет (или потврда издадена од факултетот дека кандидатот ќе дипломира до март или сeптември 2017 година - оригинал или фотокопија заверена на нотар) и нејзин превод на англиски јазик од овластен судски преведувач;
(5) Препорака од декан или универзитетски професор (веб-страница на МОН);
(6) Апстракт од тезите на англиски јазик;
(7) Препорака од работодавецот на англиски јазик (за кандидатите кои се вработени);
(8) За кандидати од областа на уметноста или музиката: фотографија на лично изработено дело или снимено музичко дело на ЦД;
(9) Пријава (веб-страница на МОН).
Сите документи се приложуваат во 3 (три) примероци (1 оригинал и 2 обични фотокопии) во архивата на Министерството за образование и наука (поранешна зграда на Нова Македонија – приземје) или по пошта на адреса: Министерство за образование и наука, Сектор за наука и иновации, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.
Потребните документи за поднесување на кандидатите, како и подетални информации може да се најдат тука.
Лице за контакт: Јулијана Балевска, Сектор за наука и иновации,
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
тел.: +389 2 3140 186.
Краен рок за пријавување: 20 мај 2016 година.