Приказ на предметите според таг: nauka

Д-р Брајан Вајт од Сан Антонио, САД, денеска пред студентите на Факултетот за медицински науки при УГД одржа предавање за отпорноста на антибиотици и опасноста од оваа појава.

Објавено во Наука

Државните универзитети во нивните единици насочени кон наука  (научни институти) и во единици насочени кон образование засновано на наука (факултети), јавните научни установи, мешовити научни установи, приватни високообразовни установи, приватни научни установи, самостојни  истражувачи, МАНУ и научни центри на извонредност можат да конкурираат за кофинансирање на заеднички македонско-кинески научноистражувачки проекти за периодот 2018 – 2019 година.

Објавено во Наука

Меѓународното научно списание за студенти насловено како „Student’s Social Science Journal“ неодамна излезе од печат. Списанието содржи научни трудови од студенти и се објавува од неодамна во рамките на Правниот факултет на УГД. Најновиот број на ова списание може да се најде на следниов линк http://js.ugd.edu.mk/index.php/sssj.

Објавено во Наука

Меѓународната агенција за атомска енергија во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ организираат двомесечен курс за радиофармација во Штип. Посетители на курсот се професионалци, радиофармацевти од Африка, а во Штип ќе се обучуваат од професорите на Универзитетот „Гоце Делчев“. Координатор на овој проект е проф. д-р Емилија Јаневиќ-Ивановска, која истакна дека овој проект е од големо меѓународно значење.

Објавено во Наука

Професори од УГД со своја презентација на научен собир во Дубаи освоија трета награда. Стaнува збор за Интернационален научно-стручен собир „Roots-Summit 2016“ во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, на кој учествуваа повеќе од 100 земји од целиот свет.

Објавено во Наука
Страница 26 од 72
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…