Д-р Вајт истакна дека соработката е воспоставена со Факултетот и со Универзитетот и дека темата е многу интересна и актуелна.
Дојдов по покана на деканот и Факултетот за да зборувам за отпорноста на антибиотици, како ги препишуваме антибиотиците и како да ја намалиме резистентноста. Ова е голем и глобален проблем, ние имаме ваков проблем во САД, има во Европа и секако во Македонија. Секоја држава има своја национална стратегија. Македонија само што го заврши планот за следните пет години и веќе се работи нов стратегиски план за следните пет годиниистакна д-р Брајан Вајт
Деканот на Факултетот за медицински науки истакна дека професори и експерти од УГД веќе работат на овој проблем и се вклучени во изработка на националните стратегии.
Професорката Милка Здравковска, професорот Вело Марковски и професорот Васо Талевски се активни учесници во телото за превенција и спречување на овој проблем. Тие со свои експертизи помагаат да се спречи прекумерната употреба на антибиотиците. Мислам дека свесноста за овој проблем кај обичното население станува сѐ поголема и веќе има ефектиизјави проф. д-р Рубин Гулабоски
Предавањето денес се одржа во Кампус 2 на УГД, а во живо можеше да се следи на Фејсбук страницата на Универзитетското радио.
Предавање за резистентноста на антибиотици