Собирот беше во организација на Dental Tribune International и Dubai-based Centre for Advanced Professional Practices и е акредитиран од Американската дентална асоцијација (ADA), а свои теми имаа еминентни имиња од областа на ендодонцијата и оралната хирургија.
Проф. д-р Цена Димова учествуваше со своја презентација под наслов „THE USE OF ELECTRONIC MICROSCOPY IN ROOT APEX MORPHOLOGY OF MAXILLAR AND MANDIBULAR PREMOLARS“ и ја доби третата награда на овој собир. Коавтори на трудот се ас. д-р Јулија Заркова, ас. д-р Катерина Златановска и доц. д-р Сања Нашкова. Следен ваков собир ќе се одржи во 2018 година во Берлин, Германија.