Приказ на предметите според таг: nauka
Астронаутот Пик ќе трча маратон во вселената
Лондонскиот маратон е еден од најголемите спортски настани во светот кој го држи Гинисовиот рекорд како спортски настан што донира најмногу средства за хуманитарни цели. Учесниците на овој маратон во 2009 година собраа и донираа речиси 66 милиони евра, а од своето основање во 1981 година до сега се донирани преку 627 милиони евра на различни здравствени и хуманитарни организации.
Вака изгледа среќата
Молекулите на протеинот миозин носат со себе топка од ендорфини заедно со актински филаменти во внатрешниот дел на париенталниот кортекс на мозокот и го предизвикуваат чувството на среќа. Ова кратко видео ја доловува среќата и може, практично, среќата да се види во човечкиот организам.
Места каде што е можен живот во нашата галаксија
Нашата галаксија не е толку многу добредојдена за живот како што се мислеше. Космичка радијација, експлозии од супернови, судири меѓу сончеви системи и сѐ останато ја прави нашата галаксија (Млечен пат) пеколно место за каква било биологија. Сепак, детална компјутерска симулација лоцира неколку добри места за живот во нашето соседство.
Мајмуните можат да научат да се препознаат во огледало
За разлика од луѓето, мајмуните не сфаќаат дека кога гледаат во огледало го гледаат нивниот лик. Според труд објавен во списанието „Current Biology“, не значи дека тие не можат да го научат ова. Уште повеќе, мајмуните за време на истражувањето развиле чувство за себепознавање во огледало, а тие продолжиле да спознаваат делови од нивното тело кои не можат да ги видат на друг начин.
Ако имаш интернет - знаеш
Луѓето сѐ помалку се потпираат на нивното претходно знаење и едноставно велат дека знаат тогаш кога имаат пристап до интернет.