Ова истражување направено кај мајмуните упатува на нови откритија во врска со свесноста на луѓето и останатите животни.
„Нашите откритија покажуваат дека мозокот кај мајмуните ја има основната ’машина’ за себеспознавање, но на нив им е потребен соодветен тренинг или ’софтвер’ за да го усовршат ова себеспознавање“, вели Ненг Гонг од Кинеската академија на науките.
Откритијата на студијата дека мајмуните можат да научат да се спознаваат со помош на огледало се корисни во истражувањата на луѓето кои не можат да се препознаат себеси во огледало поради разни ментални нарушувања, ретардација, аутизам, шизофренија или Алцхајмерова болест, велат научниците.
Иако подобрувањето на себеспознавањето кај пациентите имплицира постоење на когнитивни, односно невролошки недостатоци во механизмите на мозокот, истражувањата ја отвораат можноста дека овие недостатоци можат да бидат поправени преку соодветен тренинг.
Извор: www.sciencedaily.com