Овој заклучок на неодамна спроведената студија на Универзитетот во Ватерлу вели дека нашата интернет врска директно влијае врз начинот на кој размислуваме.
Професорот Иван Ф. Риско од Одделот за психологија на Универзитетот во Ватерлу неодамна направи студија во која вклучи сто испитаници на кои им постави прашања од општа култура, како на пример да се именува главниот град на Франција.
Учесниците требаше да обележат дали ги знаат одговорите или не.
Во едната половина од студијата испитаниците имаа пристап до интернет. Тие имаа задача да го погледнат одговорот доколку претходно рекле дека не го знаат одговорот. Во втората половина на студијата испитаниците немаа пристап до интернет.
Истражувачкиот тим откри дека луѓето кои имаа интернет пристап почесто одговараа дека не го знаат одговорот на конкретното прашање. Во некои контексти, луѓето кои имаа интернет пристап се поставија супериорно во однос на нивното знаење наспрема оние кои немаа интернет пристап.
Со присутноста на интернетот ние речиси константно сме поврзани со огромни количини на информации. Кога овие податоци ни се достапни, ние сѐ помалку се потпираме на нашето сопствено знаењевели проф. Риско
Во интерпретирањето на резултатите, истражувачите шпекулираа дека пристапот до интернет на човекот му дава слобода да каже дека знае нешто, но ова се покажа како неточно.
Испитаниците кога имаа интернет пристап велеа дека не го знаат одговорот бидејќи онлајн истражувањето им нуди опција да го проверат одговорот или да ја решат нивната љубопитност, а процесот на наоѓање на одговорот се перципира како личен успех.
„Резултатите покажуваат дека интернет пристапот влијае врз одлуките што ги носиме во врска со одговорите на работите што ги знаеме и оние кои не ги знаеме“.
Се надеваме дека ова истражување ќе придонесе до нашето континуирано осознавање на фактот колку лесниот пристап до информации може да влијае врз нашето размислување и нашето однесувањевели Риско, лидер на истражувањето кое го спроведе Универзитетот во Ватерлу
Тој, заедно со група свои колеги, додава дека планира и во иднина да продолжи со истражување на факторите што влијаат луѓето кои имаат интернет пристап да не даваат конкретни одговори и да не се потпираат на нивното лично знаење.
Извор: www.sciencedaily.com