Приказ на предметите според таг: obrazovanie

  1. Кои клучни моменти влијаеja во оформувањето на Вашата кариера, од почеток па до денес?

Има една анегдота од моето рано детство. Во тоа време имаше една научно-популарна емисија за живиот свет и феномените на природата што ја водеше ботаничарот Дејвид Белами. Ја гледав емисијата со многу љубопитоност и кога ме прашуваа „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“, одговарав „Дејвид Белами. Сакам да знам сѐ“. Подоцна кога ги открив природните науки, посебно биологијата, тоа дефинитивно беше љубовта на мојот живот. Кога дојде моментот да бирам факултет јас немав двоумење, двоумењето беше за моите родители. Поминавме едно жестоко лето во убедување мојата идна професија да биде медицина или која било медицинска наука, па дури и ветерина за моите родители беше поприфатлива и поперспективна опција отколку мојот избор - студии по биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Објавено во Образование
  1. Кои клучни моменти влијаеја во оформувањето на Вашата кариера, од почеток па до денес?

Најверојатно не станува збор за моменти, туку за процес во кој сум воспитана и образована, да ценам и почитувам комплетност. Тоа е, всушност, насоката која води во моментите кои се клучни да се биде или не – професионалец. Отсекогаш сум почитувала луѓе кои се истрајни во својата работа и кои професионално знаат да одговорат на кое било прашање.

Објавено во Образование

1. Кои клучни моменти влијаеја во оформувањето на Вашата кариера, од почеток па до денес?

Објавено во Образование

Од серијалот интервјуа кои УГД ТВ и УГД ФМ ги реализираат со деканите и продеканите на УГД ви го претставуваме разговорот со деканот на Правниот факултет проф. д-р Јован Ананиев. Деканот одговара на прашањата за можностите што ги имаат студентите на овој факултет, како и студиските програми.

Објавено во Образование
  1. Кои клучни моменти влијаеле во оформувањето на Вашата кариера, од почеток па до денес?

Прв и можеби најважен момент е одлуката дека професионално ќе се занимавам со уметност. Оваа одлука ја донесов уште во времето кога бев во средно училиште. Тоа е најважно, да одлучите што сакате да бидете. Со што ќе се занимавате цел живот. Изборот на професија не се само три или пет години поминати на факултет, туку годините што следат по школувањето. На почетокот се интересирав само за фотографија, но со моето запишување на Факултетот за драмски уметности на Катедрата по камера започнав да ги откривам убавините на подвижната слика. Иако фотографијата и филмската фотографија имаат сличности, сепак тоа се два различни медиуми. Денес подеднакво ги користам и двата. 

Објавено во Образование
Страница 22 од 37
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…