Приказ на предметите според таг: obrazovanie

Двајца лекари и професори од САД во рамките на нивниот престој во Клиничката болница во Штип одржаа предавања и практични вежби на студентите од Факултетот за медицински науки. Практичните вежби се однесуваа на симулација на белодробно мозочно оживување.

Објавено во Образование

Факултетот за информатика при Универзитет „Гоце Делчев“ го промовираше проектот „Мултимедијална информатичка платформа за едукативни и рехабилитациони цели“.

Платформата е базирана на иновативни интеракциски технологии и сензори за 3Д перцепција и истата овозможува игра и учење преку движења и физичка активност.

Наместо со глувче и пред монитор, корисниците своите акции ги задаваат преку движења со раце, нозе и тело, пред голем екран проектиран на ѕид.

Објавено во Технологија

Економскиот факултет има многу предности што треба да ги искористи, но и слабости што треба да се подобрат, ова беше еден од заклучоците на трибината што се одржа денес на факултетот во Штип. Ова е прва трибина од ваков вид на која учествуваа раководството на факултетот, професорите, асистентите и студентите, тие меѓусебно разменија мислења, но и анализи за тоа во која насока да се подобри Економскиот факултет.

Објавено во Видео вести

Професорот Јово Атељевиќ од Бања Лука во изминатата седмица, како дел од својот престој на УГД, одржа предавања пред студентите на Економскиот факултет во Скопје, Струмица и во Штип.

Објавено во Образование
Страница 29 од 37
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…