- Заедно со моите студенти се обидовме да ја комбинираме иновативната технологија која овозможува безжична контрола со помош на гестови од човековото тело да командуваме компјутерски игри кои би можеле да им помогнат на деца кои имаат аутизам или недостаток на внимание и хиперактивност, тоа се таканаречени психосоматски нарушувања или болести. Станува збор за платформа која за првпат се развива кај нас и е изработена според медицински протоколи во соработка со психијатри и луѓе кои работат на детските клиники во Словенија. Врз база на тие протоколи потоа се преточени командите преку компјутерски јазик во соодветни интерактивни видеоигри. Она што се обидовме да направиме е практично да го направиме процесот на студирање поинтересен и поинтерактивен за нашите студенти, што наиде на големо одобрување и со задоволство го прифатија студентите од трета година на нашиот факултет. Како плод на нивната активност настанаа поголем број компјутерски игри, кои се надеваме во иднина дека ќе можат и практично да бидат применети во нашето општество. Оваа платформа е интересна и важна затоа што им овозможува на децата без да бидат свиткани и директно изложени на зрачењето од компјутерскиот екран да работат на дистанца и уште повеќе да работат и да ја активираат целокупната моторика на нивното тело, на тој начин да ги раздвижуваат мускулите, а истовремено да решаваат ментални загатки односно да ги подобруваат когнитивните способности. Сите овие параметри се неопходно битни за децата кои имаат психосоматски заболувања, како што е недостатокот на внимание и хиперактивноста. Ваквата платформа сакаме да ја донесеме во центрите за аутизам, кои ги има во нашата држава, а уште повеќе, платформата може да ја приспособиме и за стари лица, чиј број сѐ повеќе расте во нашето општество, затоа што и тие се карактеризираат со редуцирана моторика на движењата и намалување на когнитивните способности. Ова е проект поттикнат од УГД. Ние соработуваме со научни центри низ Балканот и во Европа, и се трудиме да привлечеме и инвеститори од стопанството кои во оваа платформа би виделе еден потенцијален пазар и да ја прошириме платформата и во основните училишта, затоа што не мора да биде ограничена само на децата со хендикеп или проблем во развојот, напротив со неа многу полесно и поинтерактивно, поубаво, повесело би можеле да се изучуваат содржините од математика, јазици... изјави проф. д-р Сашо Коцевски од Факултетот за информатика на УГД.
Христина Јорданова, студентка која работеше во проектот, истакна дека игрите што ги креирале користеле кинект технологија на Мајкрософт:
- Ние креиравме компјутерски игри кои користат кинект технологија од Мајкрософт. Оваа технологија не е толку позната кај нас, тоа е уред кој конструира скелет од човек кој овозможува понатаму командите на компјутерот да се извршуваат со човечкото тело, со рака, око, зависно како е регулирано сето тоа во апликацијата. Креиравме игри кои се наменети за децата со аутизам и недостаток на внимание и хиперактивност.Христина Јорданова
- Јас бев дел од проектот, тимот што креираше игра која имаше цел да направи мапирање на десната рака на детето, со тоа што ќе му овозможи да селектира одредени форми и тие форми да ги стави на кореспондирачки места, се со цел тоа дете да почне да разликува форми кои ќе ги сместува во точната локација, а детето ќе го развие препознавањетоизјави Петар Темов, студент на Факултетот за информатика.
Во Штип функционира Здружението „Сплотени срца“ за децата со аутизам и посебни потреби, а неговиот претставник Зоран Мијалков изјави дека ова би можело да биде голема придобивка за децата со аутизам.
- Ние сме пресреќни, бидејќи не ни можевме да помислиме дека ова ќе го имаме и во нашата држава, затоа што досега за ова слушавме само од родители на деца со аутизам и попреченост во развојот од други земји или од интернет. Би биле пресреќни ако може да се имплементира во Центарот во Штип, бидејќи некои од нашите деца веќе го имаат испробано во странство, и многу помага. Помага во когнитивните способности, во смирувањето на хиперактивните деца, и секако ќе биде од огромна корист ако се применува и кај насизјави Мијалков.