Приказ на предметите според таг: obrazovanie
Интервју со проф. Костадиновска: Земјоделскиот факултет создава квалитетни инженери-агрономи кои ќе придонесат за добра земјоделска пракса
1. Кои се клучните моменти кои влијаеле во оформувањето на Вашата кариера, од почеток па до денес?
Она што е предизвик за секој млад човек е да заврши академски студии и, се разбира, да си го пронајде вистинското место во општеството во насока на која се обучувал во текот на студирањето. По завршување на моите академски студии започнав да волонтирам во лабораторијата на Институтот за јужни земјоделски култури во Струмица, а со тоа да ја продлабочувам мојата желба за истражување поврзана со растителниот свет и сите процеси и промени кои настануваат во земјоделското производство. Имав среќа да ми се отворат вратите на Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина, каде што научив и сѐ уште учам многу методи и техники на лабораториска работа.
Американскиот лекар кој ја победи смртоносната ебола ќе одржи предавање на УГД
Факултетот за медицински науки при УГД организира предавање на д-р Кент Брентли од САД кое ќе се одржи во понеделник (21 март) со почеток во 14 часот во свечената сала на Кампус 2.
(Видео) Проф. д-р Делипетрев: Студентите од Факултетот за информатика излегуваат со големо практично знаење
Универзитетската телевизија и Универзитетското радио го продолжуваат серијалот на гостувања на деканите и продеканите на факултетите при УГД, со цел да ги доближат сите овие единици до студентите и до потенцијалните студенти.
Интервју со проф. Невенка Величкова: Студентите ја чувствуваат посветеноста на професорот
1. Кои се некои од клучните моменти кои влијаеле во оформувањето на вашата кариера, од самиот почеток па до денес?
Љубовта кон биологијата, истражувањата поврзани со медицината, отсекогаш биле мој мотив и предизвик за едукација и дообразување.
Уште во основно и средно училиште покажував афинитет кон овие области, а поривот и желбата за континуирано учење ја потврдував на многу натпревари, освојувајќи ги секогаш првите награди. Дополнителен момент кој го потврди изборот и ја дооформи мојата кариера, беше професијата на мојата мајка, која долги години работеше како медицинска сестра во Клиничката болница во Штип.
Интервју со проф. Александра Милева: Интернет безбедноста е мој научен предзивик
1. Кои се некои од клучните моменти кои влијаеле во оформувањето на вашата кариера, од самиот почеток па до денес?