Приказ на предметите според таг: umetnost
Наташа Трбојевиќ и Златка Митева со два целовечерни концерти во Струмица и во Тетово
Доц. м-р Наташа Трбојевиќ на пијано и проф. м-р Златка Митева на флејта одржаа два концерти, едниот во концертната сала на ОМУ „Боро Џони“ во Струмица, а другиот во ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“ во Тетово.
(Видео) Професор и студент од Музичката академија настапија во Чешка
Професорот Ангеле Михајловски и студентката Марија Стојанова настапија на Mеѓународниот фестивал „ВВ фест“ во Брно, Чешка. Станува збор за исклучително реномиран фестивал за кој професорите од УГД годинава за првпат добиваат покана за настап.
Одделот за џез студии на УГД дел од Џез и блуз фестивал во Кикинда
Одделот за џез студии при Музичката академија на УГД ќе учествува на еден од најпрестижните џез и блуз фестивали во регионот во Кикинда, Србија.
(Видео) Еминентни уметници од Германија поставија изложба во Штип и одржаа предавање на УГД
Јован Балов и Тим Даусен, двајцата уметници кои живеат и творат во Берлин (Германија), поставија своја изложба на фотографии и 3Д инсталации во Штип и одржаа предавање пред студентите на Универзитет „Гоце Делчев“.
Целовечерен концерт на Златка Митева и Наташа Трбојевиќ во Њујорк
Во изминатиот период во Уметничката галерија „MC Gallery“ во Њујорк професорките проф. м-р Златка Митева и доц. м-р Наташа Трбојевиќ одржаа целовечерен концерт насловен „Вечер на македонски автори“, на кои беа изведени дела за флејта и пијано од македонски композитори од неколку генерации.