- Денес зборувам за 3Д револуцијата. Ова е многу возбудливо за мене, со оглед на тоа што со години се обидуваме да цртаме во три димензии на дводимензионален простор. Во последно време уметноста се преместува во тридимензионалниот свет. Изложбата вчера беше нешто специјално за мене и тоа е уникатен момент за нас - изјави Тим Даусен.
Јован Балов е уметник од Македонија, кој веќе 30 години живее и твори во Берлин (Германија). Вели дека изложбата за него претставува особено емотивен момент, а исто така посочи дека со УГД се можни и други соработки во иднина.
- Ќе се обидам да ја презентирам берлинската сцена и она што јас го создавам како автор. Се надевам дека ќе имам нова соработка со овој Универзитет и очекувам директна и индиректна соработка со студенти и професори. Изложбата за мене беше многу емотивна и интимна - изјави Јован Балов.
Изложбата и предавањето на двајцата уметници се реализираа благодарение на заложбата на проф. д-р Никола Смилков од УГД, кој пред извесен период воспостави соработка со нив во Германија и како резултат на тоа денес студентите на УГД ја имаа можноста да присуствуваат на предавање и да проследат изложба од овие двајца еминентни уметници. Изложбата е поставена во Уметничката галерија „Безистен“, а предавањето се одржа денес во свечената сала на Факултетот за образовни науки.
Еминентни уметници од Германија