Приказ на предметите според таг: УГД Живот

Од понеделник (26 август) Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип започнува со реализирање на уписите на нови студенти во студиската 2019/2020 година. Ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев денес на прес-конференција истакна дека УГД е универзитет кој нуди квалитетно образование и добри услови за новите студенти.

Објавено во УГД Живот

Факултетот за информатика во текот на септември организира подготвителна настава по програмирање во C или C++ и математика за идните студенти. Подготвителна настава ќе се одржува во просториите на Универзитет „Гоце Делчев” во градовите Штип и Струмица, а ќе ја изведуваат професори и асистенти од Факултет за информатика.

Објавено во УГД Живот

Група од дваесетина студенти во изминатиов период се во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Посетата е како резултат на соработката што УГД ја има со Универзитетот од Самара, Русија.

Објавено во УГД Живот

Александар Лонгуров и Стефан Коцев се двајцата студенти од Факултетот за медицински науки кои се добитници на меморијалната награда „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“.  Наградата,  во износ од 1000 евра, ја доделува ЕМАРИ Институтот, а се доделува по повод достигнувањата на студентите во својата област во рамките на студирањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Двајцата се студенти во петта година на УГД.

Објавено во УГД Живот

Универзитетот Гоце Делчев – Штип, Факултетот за образовни науки и Институтот за применета философија и етика, во соработка со Издавачката куќа АРС-Ламина - Скопје, организираат Летни книжевни разговори во рамките на Штипско културно лето, на 23, 24, 25 јули со почеток во 19 часот во ОМЦ Киро Глигоров  во Штип.

Објавено во УГД Живот
Страница 34 од 144
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…