Приказ на предметите според таг: УГД Живот
Професор од УГД на Регионален форум за говор на омраза во Бугарија
На 18 септември на Американскиот универзитет во Благоевград, Бугарија, беше одржана тркалезна маса со учество на правозаштитни организации и државни институции на тема „No-hate-BG: заедно во заштита на малцинствата и во превенцијата на престапите од омраза“.
Започна вториот уписен рок на УГД
Денеска и утре (16 и 17 септември 2019 г.) се реализира вториот уписен рок за запишување на студенти во прва година на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Конкурс за Еразмус + мобилности за 2019/2020
Објавен е Конкурсот за Еразмус плус мобилности за академската 2019/2020 година. Конкурсот е отворен за студенти на прв циклус студии (со запишан најмалку трет семестар), како и за студенти на втор и на трет циклус студии. Право на аплицирање имаат редовните студенти на УГД, а се доделуваат 40 мобилности и 10 студентски обуки (пракса).
Втора научна конференција за предизвиците во туризмот во 21 век
Најновите трендови во туризмот и бизнис логистиката се во центарот на вниманието на Втората меѓународна научна конференција „Предизвиците во туризмот и бизнис логистиката во 21 век“, која се одржува на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип од страна на Факултетот за туризам и бизнис логистика.
(Видео) Договор за соработка со Универзитетот „Al Falah“ во Дубаи
УГД и Универзитетот од Дубаи „Al Falah“ денес потпишаа Договор за соработка. Договорот се однесува особено на соработка меѓу правните факултети на двата универзитети и ова ќе значи бенефит во интернационализацијата на Универзитетот „Гоце Делчев“.