Предвидено е да се работи со групи од 3 до 12 луѓе. Наставата ќе се организира доколку се пријават доволно студенти за формирање на група за секој од двата курса.
Датум на започнување на подготвителната настава:
- Програмирање: 2 септември 2019 год.
- Математика: 2 септември 2019 год.
Наставата по програмирање ќе се реализира во 10 дена по 2 часа дневно (вкупно 20 часа).
Наставата по математика ќе се реализира во 10 дена по 3 часа дневно (вкупно 30 часа).
Заинтересираните идни студенти треба да се пријават најдоцна до 28 август 2019 до 10 часот. Пријавување и подетални информации на е-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Сите пријавени студенти во предвидениот рок ќе бидат известени најдоцна до 30 август, до 10 часот, дали се формирани групите и точното време за започнување на наставата.
Цена: 2400 денари за програмирање и 3600 денари за математика или 120 денари од час, со можност за плаќање на две рати.
Жиро-сметка: 100-0000000630-95
Назив и седиште на примач: Трезорска сметка, ДУ „Гоце Делчев” - Штип
Банка на примач: НБРМ
Сметка на корисник: 1600160330 788 22
Претходна шифра и програма: 723113 44
Содржина на курсот по програмирање
Тема 1: Запознавање со интегрираната околина за развој Dev C++ или Code::Blocks. Запознавање со елементите: компајлер, поврзувач, дебагер, библиотеки со стандардни функции. Креирање на нов проект, зачувување на истиот, компајлирање и извршување.
Тема 2: Вовед во програмскиот јазик C++ или C: синтакса (зборови, симболи, коментари), претпроцесор, дефинирање на заглавја, вклучување на датотеки, типови на податоци, изрази и искази, декларирање на променливи, оператори (аритметички, релациони, логички, за доделување). Влезно-излезни операции. Примери на едноставни програми.
Тема 3: Редоследна структура. Изработка на едноставни програми.
Тема 4: Наредби за избор: if, if-else и switch. Вгнездување на if наредби. Изработка на едноставни програми со примена на наредбите за избор.
Тема 5: Наредби за повторување: while, do-while, for. Изработка на едноставни програми со користење на наредбите за повторување. Наредби за скок: break и continue.
Тема 6: Работа со еднодимензионална низа: декларирање и иницијализација на низа, пристап до елемент, читање и прикажување на еднодимензионална низа. Примери и решавање на задачи за низи.
Тема 7: Работа со дводимензионални низи: декларирање и иницијализација на дводимензионална низа, пристап до елемент, читање и прикажување на дводимензионална низа. Примери и решавање на задачи за дводимензионални низи.
Тема 8: Работа со текстуални низи: декларирање на текстуална низа, доделување на вредност, читање и прикажување на текстуални низи, добивање на знак од текстуална низа, менување на дел од текстуална низа, конкатанација на текстуални низи, функции за работа со текстуални низи. Примери и изработка на задачи со текстуални низи.
Содржина на курсот по математика
Тема 1: Множества: подмножество, операции со множества.
Тема 2: Пресликувања: дефиниција и својства.
Тема 3: Основни бројни множества: природни броеви; цели броеви; рационални броеви - операции со дропки, конечни и бесконечни децимални броеви; претворање на децимални броеви во дропки и обратно, операции со децимални броеви; ирационални броеви; реални броеви - апсолутна вредност, биномна формула.
Тема 4: Алгебарски рационални изрази: степени, полиноми, алгебарски дропки.
Тема 5: Линеарна функција: дефиниција и својства.
Тема 6: Линеарни равенки и неравенки. Системи на линеарни равенки и неравенки.
Тема 7: Множество на комплексни броеви.
Тема 8: Квадратна функција: дефиниција и својства.
Тема 9: Квадратни равенки и неравенки.
Тема 10: Логаритамска функција: дефиниција и својства. Логаритамски равенки.
Тема 11: Експоненцијална функција: дефиниција и својства. Експоненцијални равенки.
Тема 12: Тригонометриски функции: дефиниција и својства. Тригонометриски равенки.