Приказ на предметите според таг: УГД Живот

По трети пат, со што и традицијата не само што е востановена, туку и се одржува, Правниот факултет при УГД ги одржа Деновите на симулирано судење. Тимови од студенти од пет правни факултети во Р Македонија во судницата на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип според однапред одредени правила и критериуми симулираа судења базирани на вистински случаи.

Објавено во УГД Живот

„Студентот со хендикеп ги има истите права како и другите студенти“ е една од пораките што Универзитетот „Гоце Делчев“ ја пренесува преку кампања која се однесува на подигање на свеста за студентите со хендикеп.

Објавено во УГД Живот

По покана на проф. Џузепе Каталди, професор по меѓународно јавно право од Универзитетот во Неапол „Ориентале“, во рамките на предметот Меѓународно јавно право, доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска одржа предавање на тема „Македонија и Европската Унија“, со акцент на Договорот од Преспа помеѓу Република Македонија и Република Грција.

Објавено во УГД Живот

Со презентација на софтвер за мотивација на студентите за физичка активност, работилници на теми од спортот, студија на над 1000 студенти за мотивацијата, заврши проектот „Te(a)ching Sport“ во кој учествуваа претставници и студенти на УГД.  

Објавено во УГД Живот

Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на десеттата седница на Наставно-научниот совет му додели Признание на ректорот на УГД, академик проф. д-р Блажо Боев. Признанието за посебен придонес и афирмација на ФПТН е по повод неговиот избор за дописен член на МАНУ.

Објавено во УГД Живот
Страница 49 од 144
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…