Приказ на предметите според таг: УГД Живот
УГД и „Зегин“ потпишаа Меморандум за соработка
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и компанијата „Зегин“ потпишаа Меморандум за соработка, со кој се отвораат можности за соработка и стипендирање на студенти од насоката Фармација на Факултетот за медицински науки, но и од други насоки и факултети. Меморандумот го потпишаа ректорот на УГД, академик проф. д-р Блажо Боев, и Катерина Котларевска-Маневска од „Зегин“, а за бенефитот и очекувањата од него говореа Маја Бибановска, одговорна за Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“, и ректорот Боев.
Боев: Трендот на квантитет да се замени со квалитет во високото образование
Во новогодишното интервју за Универзитетската телевизија УГД ТВ и за Универзитетското радио УГД ФМ, ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, академик проф. д-р Блажо Боев, направи ретроспектива на најзначајното во сферата на високото образование во годината што изминува, а говореше и за очекувањата во 2019 г. со оглед на новините кои се воведуваат во високото образование:
ФТБЛ на Новогодишен базар во Гевгелија
Факултетот за туризам и бизнис логистика, во соработка со Фондацијата „Аполонија“, на 17 и 18 декември во Пионерски дом во Гевгелија организираше Хуманитарен новогодишен базар, со цел собирање средства за програмата „Дејвид ван дер Веге – социјализација на децата со посебни образовни потреби од Гевгелија“.
Современа танцова претстава на УГД
Скопје танцов театар во соработка со УГД ќе се претстават со современа танцова претстава во Мултимедијалниот центар на УГД. Претставата ќе се одигра на 14 декември (петок) во 19 часот.
(Видео) Правниот факултет се вмрежува со средните училишта од Југоисточна Македонија
Правниот факултет при УГД формира мрежа за поддршка и соработка со средните училишта низ државата. Мрежата ќе има за цел да биде заедница која ќе ги зближи средното со високото образование и ќе помага во процесот на снабдување со литература и заеднички проекти.