Приказ на предметите според таг: УГД Живот
УГД претставен на конференцијата ERACON во Мурсија, Шпанија
Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и оваа година учествуваше на конференцијата ERACON 2018, организирана од страна на European Association of Erasmus Coordinators (EAEC), која се одржа во Мурсија, Шпанија.
Тим на Економски факултет ќе се натпреварува на “Rotman European Trading Competition”
Тим на Економскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе учествува на најелитниот натпревар за тргување со берзи “Rotman European Trading Competition” кој ќе се одржи од 23 до 25 август 2018 година во Рим, Италија.
Обука за примена на Законот за заштита на укажувачите
Институтот за стратешки истражувања и едукација, во соработка со УГД и Амбасадата на САД во Р. Македонија, спроведе Тренинг за зголемување на капацитетите на универзитетите за примена на Законот за заштита на укажувачите од корупција како алатка за превенција на корупцијата во високото образование во Македонија.
Прво место на Државниот натпревар по ораторство за студентка на Правен факултет
По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа (9 мај), на Американ колеџот во Скопје, во организација на Европското движење на РМ, се одржа традиционалниот меѓууниверзитетски Државен натпревар по ораторство на тема „Студентска порака до Европа“.
Правeн факултет го одбележа Денот на Европа
Денот на Европа - 9 мај беше одбележан вчера во рамките на манифестација која веќе традиционално ја организира Правeн факултет при УГД.