На конференцијата учествуваа 350 учесници од над 200 високообразовни институции од светот.
Одделението за меѓународна соработка при УГД учествуваше во различни работилници за време на конференцијата и воедно го претстави УГД пред учесниците и студентите преку свој штанд, потенцирајќи ја важноста на меѓународната соработка и Еразмус плус програмата која во изминатите години одлично се реализира.