Студентката на Правен факултет Елена Орцева го освои првото место во натпреварувачкиот дел од манифестацијата. На настанот учествуваа студенти од скоро сите државни и приватни високообразовни институции. По свеченото доделување на наградата од страна на стручната жири-комисија, вечерва студентката на УГД Елена Орцева ќе говори и на завршната церемонија по повод Денот на Европа, на која ќе присуствува и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.
Ова е трет пат во досегашната историја студент на Правен факултет при УГД да победи на овој престижен натпревар по јавно говорење. Студентите кои настапија на студентската дебата и ораторскиот натпревар беа менторирани од страна на доц. д-р Димитар Апасиев од Катедрата за граѓанско право на Правен факултет во Штип.