Приказ на предметите според таг: УГД Живот
11 години – УГД го оправдува своето постоење со квалитет во образованието
Со Свечена академија, збогатена со уметнички дел – настап на Влатко Стефановски, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип одбележа 11 години од основањето.
Професорот Тодор Кралев донираше 200 книги на УГД
Професор емеритус Тодор Кралев, кој по потекло е од Штип, денес на свеченоста по повод патрониот празник на УГД донираше двесте книги, стручни и научни трудови и други лични изданија.
Промовирани доктори на науки и Каталог на изданија
Во рамките на одбележувањето на патрониот празник, денеска во Ректоратот на УГД свечено се промовираа докторите на науки и Каталогот на изданија кои се печатени во изминатиот период на УГД.
(Видео) Ректорот Боев ги прими средношколците-иноватори од штипската гимназија
Петтемина штипски гимназијалци кои направија иновативен проект - прототип за маска за мобилен телефон за лицата со Рејнаудов синдром или познат како синдром на студени раце, заедно со својот ментор Петар Петковски, имаа средба со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, проф. д-р Блажо Боев.
Универзитетски спортски игри – Еразмус проект на УГД
Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, 27 март, се одржуваат спортски натпревари како дел од проектот „Teaching sport“, во кој покрај Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, како партнери се вклучени Одделот за спорт на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ (Р. Бугарија), Универзитетот во Виена (Австрија), Универзитетот на Западна Унгарија (Унгарија), Фондацијата за млади во науката и бизнисот (Естонија) и Асоцијацијата за истражувања и иновации „Krefjandi“ (Исланд).