(Видео) Ректорот Боев ги прими средношколците-иноватори од штипската гимназија

Петтемина штипски гимназијалци кои направија иновативен проект - прототип за маска за мобилен телефон за лицата со Рејнаудов синдром или познат како синдром на студени раце, заедно со својот ментор Петар Петковски, имаа средба со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, проф. д-р Блажо Боев.

Петковски вели дека во изминатиот период ја добиле и потребната помош и поддршката од универзитетските професори.

Секојдневно истражуваме. Имаме огромна соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и со нивните професори од Машински факултет го подготвуваме прототипот за натпреварот што следува во Брисел - вели Петковски.

Ректорот Боев вели дека ваквата соработка води кон вистинскиот пат да имаат квалитетни студенти кои ќе се запишат на нивните факултети, а иновацијата  на штипските гимназијалци води и кон создавање на нов производ кој ќе отвори и нови работни места.

Во секој случај, со гимназијата имаме и други соработки кои не само што се однесуваат на помош во едукацијата, туку и во конкретна помош, која ќе следи со отворање на некои простории кои ќе бидат опремени од страна на Универзитетот - вели ректорот Боев.

Денеска на средбата на гимназијалците со ректорот Боев беше објавено дека кинеска фирма за инвестиции пројавила интерес за иновацијата што ја смислија петтемина гимназијалци од гимназијата „Славчо Стојменски“ - Штип. Средношколката Гордана Арсова вели дека тимот се подготвува за натреварот во Брисел, чиј фонд е еден милион евра. Нивната иновација е правење на прототипот за маска за мобилен телефон за лицата со Рејнаудов синдром или познат како синдром на студени раце. Изработен е грејач кој треба да се вгради во маската, кој ќе им ја затопли раката на лицата со Рејнаудов синдром.  

Имаме заинтересираност од кинеска фирма за иновации - Фосун. Тие ни пратија мејл и треба да извршат еден вид на истражување, маркетинг истражување, како ќе се пласира производот - вели Арсова.

Петтемина средношколци од гимазијата „Славчо Стојменски“ - Штип претходно ја освоија првата награда на Меѓународниот натпревар за стартапи „Get in the ring“ во категоријата за електронско здравство, што им го отвори и патот кон натреварот во Брисел.

Видео

Последен пат изменето на Петок, 23 Март 2018 11:28
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…