Денес неговата ќерка Наташа Кралева го истакна задоволството што имаше можност на оваа свеченост да ги донира книгите.
- Тодор Кралев има чест да подари двесте свои стручни и научни трудови и книги кои се од 1971 година, кога ја почнува својата академска кариера, па сѐ до денес. Огромно задоволство е што ја има оваа можност. Неговите дела се од областа на индустриското инженерство и менаџмент. Студентите од техничките факултети и од менаџмент ќе имаат корист од оваа литература - изјави Наташа Кралева, ќерка на Тодор Кралев.
Тодор Кралев е професор емеритус кој има долгогодишно искуство во областа на високото образование и е добитник на повеќе награди.