Приказ на предметите според таг: УГД Живот

Професорот, Дарко Лазаров, неодамна оствари две академска посета на Универзитетот во Луксембург и Лувен Универзитетот во Белгија. Во рамите на тие посети тој оствари неколку средби со реномирани професори и присуствување на семинар кој беше организиран од страна на департмантот за финансии при Економскиот факултет на Универзитетот во Луксембург. Неговата посета беше по покана на Филип Фиданоски, еден од најдобрите млади македонски истражувачи, кој практично имаше позиција на научен истражувач на Универзитетот во Луксембург. Дополнително, професорот Лазаров при посетата на Универзитетот Лувент во Брисел кој е еден од десетте најдобри Универзитети во Европа, имаше можност да присуствува на предавања на докторски студии во областа на бизнис економија. По тој повод разговараме со професорот Лазаров за неговото искуство од неодамнешните посети.

Објавено во УГД Живот

Во текот на минатата и оваа недела екипите на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип учествуваа во есенскиот дел од натпреварите во државните универзитетски лиги во организација на Унивезитетската спортска федерација на РМ, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт.

Објавено во УГД Живот

Во Наставниот центар на УГД во Скопје беше одржан деветтиот состанок на Бизнис клубот на Општина Гази Баба. Во Бизнис клубот на оваа општина членуваат едни од најголемите компании од приватниот сектор во нашата земја, а според статистичките податоци на територијата на Општина Гази Баба се генерираат две третини од бруто-домашниот производ на Република Македонија.

Објавено во УГД Живот

Деканката на Филолошкиот факултет при УГД - Штип, доц. д-р Драгана Кузмановска, учествуваше на Тркалезна маса како гостин-предавач пред студентите по германистика на Факултетот по класични и нови филологии при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија.

Објавено во УГД Живот

Студентскиот парламент на УГД (СПУГД) продолжува со активности по повод Нова година. Оваа година СПУГД се погрижи предновогодишната атмосфера да ја почувствуваат и дечињата со посебни потреби.

Објавено во УГД Живот
Страница 70 од 144
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…