ФТБЛ домаќин на Бизнис клубот на Гази Баба

Во Наставниот центар на УГД во Скопје беше одржан деветтиот состанок на Бизнис клубот на Општина Гази Баба. Во Бизнис клубот на оваа општина членуваат едни од најголемите компании од приватниот сектор во нашата земја, а според статистичките податоци на територијата на Општина Гази Баба се генерираат две третини од бруто-домашниот производ на Република Македонија.

Како домаќин на овој состанок се јави Факултетот за туризам и бизнис логистика, кој исто така е член на Бизнис клубот и има изработено Стратегија за развој на туризмот на оваа Општина. На состанокот, покрај приватниот сектор, учество земаа и претставници на Министерството за образование и наука, Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС) и средните технички училишта. Теми на овој состанок беа предлозите на Бизнис клубот за буџетот на Општина Гази Баба во 2018 година, можностите за дуално образование и презентација на фондовите за развој на бизнис од Германија „DeveloPPP.de“.

На состанокот, покрај градоначалникот на општината господинот Борис Георгиевски, свое обраќање пред стопанствениците имаше и деканот на ФТБЛ при УГД, проф. д-р Никола Димитров. По одржувањето на официјалниот состанок, за учесниците имаше подготвено свечен коктел од страна на студентите на ФТБЛ кои се членови на Гастро тимот.

Последен пат изменето на Вторник, 26 Декември 2017 13:34
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…