Приказ на предметите според таг: УГД Живот
Студентите на ТТФ на модна ревија во куќата на Тоше Проески
Студентите на Технолошко-технички факултет, под менторство на доц. м-р Ванѓа Димитријева-Кузманоска, трета година по ред учествуваат на Хуманитарна модна ревија со детски модели во Спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево, по повод празникот Св. Никола. Ревијата е во чест на најголемата музичка ѕвезда Тоше Проески. Тој секогаш на овој празник организираше хуманитарни концерти и им помагаше на оние кои најмногу имаа потреба од помош.
Ректорите се обврзаа на „Универзитет без корупција“
Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од страна на седум ректори на сите јавни универзитети во Република Македонија беше потпишана Декларацијата за универзитет без корупција. Со Декларацијата ректорите се обврзаа на спроведување на Законот за заштита на укажувачите и за генерална превенција на корупцијата на универзитетите.
Германска божиќна забава
Катедрата за германски јазик на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Центарот за странски јазици и судски преводи „Германика“ во Штип организираат Германска божиќна забава, со цел да се претстави дел од католичката традиција за божиќните празници.
Изложени факсимили од стари книги
Во НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ во Штип е отворена Изложба на факсимили од стари книги што се чуваат во Роднокрајното одделение „Ацо Шопов“, што е плод на соработката помеѓу Библиотеката и Филолошкиот факултет при УГД. Поводот за изложбата е двоен – 94 години од раѓањето на Ацо Шопов и Денот на градот, патронот на Штип св. Никола.
Се отвори Турско катче на УГД
Студентите, средношколците и сите граѓани ќе имаат простор каде што ќе можат одблизу да се запознаат со турската култура, традиција и литература. Турското катче, кое денес беше отворено во рамките на Универзитетот „Гоце Делчев“, е местото кое ќе им нуди големи можности на сите за подобра соработка и полесно изучување на турскиот јазик.