Со скромни подароци СПУГД и Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип сакаат да бидат дел од радоста на овие деца по повод новогодишните и божиќните празници.
В.Д. претседателот на СПУГД, Иван Крстевски, денеска им подари новогодишни пакетчиња на децата со посебни потреби во Центарот за деца со посебни потреби.
„На овие деца сакаме да им подариме насмевка и да почувствуваат дека се дел од нас и ние не ги забораваме. Мојата желба за новата 2018 година е Господ да им дава многу здравје, среќа и љубов“, истакна претседателот на СПУГД, Иван Крстевски.