Приказ на предметите според таг: УГД Живот
Промоција на француската култура, традиција и можности за студирање
Во организација на Центарот за меѓууниверзитетска соработка на УГД денес се одржа Ден на француската култура, каде што беа промовирани културата, традицијата и можностите за студирање.
Посета на проректорот Кирил Барбареев на Словенија – искуства за развој на квалитетот кај студентите и академскиот кадар
Проректорот за настава на УГД, проф. д-р Кирил Барбареев, престојуваше во работна посета на Словенија. Проректорот Барбареев се сретна и разговараше со проректорот за квалитет на Универзитетите во Марибор, проф. д-р Лучка Лорбер, и проректорот за настава на Универзитетот во Копер, проф. д-р Соња Рутер, како и со раководителите на центрите за квалитет на овие универзитети.
„Париз е празник, Франција е секогаш добра идеја“
Центарот за меѓууниверзитетска соработка при УГД ќе започне со организација на работилници кои ќе имаат за цел да ги развијат интеркултурните вештини кај учесниците и да ги запознаат со културата, традицијата и обичаите на другите земји.
Предавање „125 години од раѓањето на Иво Андриќ“
Во рамките на потпишаниот Договор за соработка помеѓу Филолошкиот факултет при УГД и Филозофскиот факултет во Ниш, со свои предавања на Филолошкиот факултет при УГД гостуваа проф. д-р Снежана Милосављевиќ-Милиќ, доц. д-р Јелена Јовановиќ и доц. д-р Снежана Божиќ од Филозофскиот факултет во Ниш.
Интернационален симпозиум за традиционална кинеска медицина
Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев” во Штип го најавува првиот Интернационален симпозиум за традиционална кинеска медицина на тема „The body is your temple – keep it pure and clean for the soul to reside in“, кој ќе се одржи на 6 декември 2017 година во Мултимедијалниот центар во просториите на Економскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев” во Штип. На симпозиумот ќе учествуваат врвни предавачи – научници од светски рамки со пленарни предавања распоредени во две сесии.