Приказ на предметите според таг: studenti

За мене не постои подобро чувство на светот од среќата во очите на луѓето околу себе. Можноста да им помагам на другите ме прави да се чуствувам најдобро што може. Лечењето на другите луѓе е нешто непроценливо. Нешто што, едноставно, нема цена. Добрата пракса и квалитетното образование што ги нуди Универзитет „Гоце Делчев“ беа пресудни при изборот на студиите.  Ми овозможија да им помагам на другите, притоа оспособувајќи ме за таа работа.

Објавено во Студенти

Спортските екипи на Универзитетот „Гоце Делчев“ на Универзитетските спортски игри во Антверпен, Белгија имаа одличен настап, а го освоија и значајното трето место. Во конкуренција на 15 земји од над 30 универзитети студентите на УГД се натпреваруваа во два од шесте предвидени спортови во програмата – футсал мажи и одбојка жени.

Објавено во Студенти

- Луѓето секојдневно прават илјадници одлуки, во врска со нивната кариера, во врска со нивното семејство и, секако, во врска со себеси. Одлуката што луѓето ја прават оној ден кога одлучуваат каде да се запишат на факултет е пресудна за тоа дали ќе се чувствуваат убаво во животот. Мојата ориентација беше стоматологијата. Балансот помеѓу личниот интегритет и приспособеноста кон професијата се постигнува само ако се работи работа што се сака. Јас ја имав таа среќа да се пронајдам во она што го учам. Во моментов Факултетот за медицински науки при УГД располога со најсофистицирана и најмодерна опрема. Тоа е главниот мотив да се запишат студенти на овој факултет и на отсекот Стоматологија.

Објавено во Студенти

Од мала ги сакам јазиците и имам желба да го шетам светот, да ги запознавам културата и начинот на живот на другите народи и да учам други јазици. Затоа одлучив да се запишам на Универзитет „Гоце Делчев“ за да го совладам добро англискиот јазик, како и германскиот, шпанскиот и францускиот јазик. Во поголем дел мојата цел е веќе остварена и сум среќна поради тоа.

Објавено во Студенти

Студентите од трета година на Правниот факултет во склоп на реализација на програмата по предметот Казнено-процесно право ги посетија Одделот за криминалистичка техника при МВР и Јавното обвинителство во Скопје.

Објавено во Студенти
Страница 49 од 78
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…