Приказ на предметите според таг: studenti
Теренска настава на ФТБЛ
Факултетот за туризам и бизнис логистика реализираше теренска настава за студентите од наставните центри во Штип, Скопје и во Гевгелија. Теренската настава се реализира традиционално во овој период од годината, а овојпат локацијата беше во североисточниот дел на Македонија.
Документарец на студентите на ФОН промовиран во Пула
Документарниот филм „Македонскиот идентитет низа историјата“, кој го изработија студентите на Факултетот за образовни науки при УГД, беше промовиран во Пула, Република Хрватска.
Правниот факултет ве поканува на седмата Ораторска вечер
Правниот факултет при УГД и оваа година организира Ораторска вечер со јавни говори на студентите. Пријавувањето заврши и сѐ е подготвено за утрешниот настап на студентите пред присутните.
Најновиот број на студентскиот весник „Студентско ехо“
Неодамна излезе од печат најновиот број на списанието „Студентско ехо“, списание кое го подготвуваат студентите од студиската програма Новинарство и односи со јавноста. Во овој најнов број можете да прочитате за фестивалот „Грин фест“ кој неодамна се одржа во Штип, за загадениот воздух, како и за проблемот со невработеноста кај младите.
(ВИДЕО) Студентите од Филмската академија направија филм за 10 години УГД
Филмот „10 годни УГД“ е направен по повод одбележување на јубилејот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Филмот е идеја и реализација на Филмската академија при УГД, а во режија на студентите Димитар Јанкоски, Александар Арсовски, Ѓорѓи Лазов и Викторија Витанова. Директор на камера е студентот Никола Марковски, а за монтажата е заслужен Димитар Спирковски. Аудиодизајнот е на Трајче Миланов, а асистенти се Халид Хоџиќ, Елена Илиевска, Сара Јазачиска и Ангела Јосифова. Студентите го подготвуваа филмот под менторство на професорката Марија Џиџева.