Приказ на предметите според таг: konkursi

Понеделник, 13 Март 2017 10:11

Презентација за Фулбрајт стипендија

Во среда 15 март во предавална 1 на Кампус 2, со почеток во 12 часот, ќе се одржи презентација за Фулбрајт стипендија.

Предавач ќе биде Газменд Иљази, кој е асистент за образовни програми во Амбасадата на САД во Република Македонија и ќе одржи презентација за стипендиите што ги нуди Амбасадата на САД во Република Македонија.

Во тек е јавен Конкурс за доделување на стипендии за академската 2017/2018 година за студиски престои на државните високообразовни установи во Република Чешка во времетраење од 2 до 10 месеци.

Студентската организација ИАЕСТЕ Македонија (Меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети) го распишува Надворешниот конкурс 2017 за аплицирање на платени стручни пракси во странство. Секој студент од техничките факултети при државните универзитети има можност да конкурира и да биде прифатен за една од 46-те најразлични пракси ширум светот. 

Технолошкиот универзитет „Вухан“ во Вухан (Wuhan University of Technology) - Кина и оваа година им нуди можност на студентите на УГД за стипендии за студирање во Кина. Станува збор за можност која овој Универзитет ја дава како резултат на потпишаниот Договор за соработка со УГД. Стипендијата е обезбедена преку Советот за стипендии на Кина.

Страница 7 од 14
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…