Стипендиите се доделуваат врз основа на потпишана Спогодба помеѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за образование, млади и спорт на Република Чешка за соработка во полето на образованието и се наменети за македонските дипломирани и активни студенти на додипломски студии, кандидати запишани на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници.
Средствата ги покриваат трошоците за школарина, сместување и исхрана.
Подетални информации во врска со потребната документација, критериумите, условите и формуларите за пријавување се достапни на http://www.msmt.cz/eu-and-international-affairs/scholarships-for-the-academic-year-2017-2018 .