ИАЕСТЕ конкурс за платена стручна пракса во странство

Студентската организација ИАЕСТЕ Македонија (Меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети) го распишува Надворешниот конкурс 2017 за аплицирање на платени стручни пракси во странство. Секој студент од техничките факултети при државните универзитети има можност да конкурира и да биде прифатен за една од 46-те најразлични пракси ширум светот. 

Првиот круг на конурирање ќе трае од 20 февруари 2017 година (понеделник) до 3 март 2017 година (петок). По електронското пријавување, документите може да ги доставите во канцеларијата на ИАЕСТЕ Македонија секој работен ден од 12 до 14 часот. Сите детали во врска со аплицирањето за пракса, потребните документи и пракси разгледајте ги на следниов линк. За новости поврзани со Конкурсот следете нè на нашата официјална Фејсбук страница

За повеќе информации во врска со ИАЕСТЕ праксите, начинот на аплицирање и сите детали за вашата посакувана пракса, ве покануваме да бидете дел од информативниот состанок кој ќе се одржи на 27 февруари 2017 година (понеделник) во 18.30 часот во просториите на ФЕИТ/МФС, ФБ настан.

Последен пат изменето на Петок, 24 Февруари 2017 11:52
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…