- Ова е значајна соработка во рамките на размената на професори и студенти, а особено во интернационализацијата на Универзитетот „Гоце Делчев“ надвор од границите на Европа. Многу е важно да ги прошириме нашите видици со земји надвор од овој регион, кои се исклучително важни во она што се случува денеска во развиениот свет и мислиме дека тоа е подрачје кое е важно за образованието и економијата, но и за новите технологии - изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.
Претставници од Универзитетот „Al Falah“ во Дубаи денес беа присутни на Научната конференција во организација на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“.