По првиот уписен рок, останаа вкупно 3393 слободни места, од кои 1886 за редовни студенти во државна квота, 876 за редовни студенти во квотата со кофинансирање и 631 за вонредни студенти. Нема слободни места на насоката Општа медицина на Факултетот за медицински науки, додека на останатите факултети и студиски програми има слободни места.
Документите и во вториот уписен рок се примаат на истите уписни места – за сите студиски програми во Штип, во фоајето на Домот на културата „Ацо Шопов“, како и во наставните центри на УГД во Скопје, Струмица, Гевгелија, Прилеп и во Кавадарци за студиските програми кои се реализираат во тие наставни центри.
Конечните резултати од вториот уписен рок ќе бидат објавени на 23 септември, а запишувањето на примените кандидати ќе се реализира на 24 септември. На студиските програми на кои ќе останат слободни места, третиот уписен рок ќе се реализира на 25 септември.