- Една од целите е да создадеме платформа на која ќе бидат поставувани учебни помагала, материјали и сѐ што е од корист за студентите, професорите и наставниците. Потоа преку оваа соработка можеме да организираме заеднички настани и проекти. Ќе реализираме и заеднички предавања, дебати и симулирано судење. Секоја година организираме ораторска вечер. На оваа вечер, по формирање на мрежата, ќе можат да учествуваат и учениците од средните училишта - изјави проф. д-р Олга Кошевалиска, продекан на Правниот факултет при УГД.
На денешниот настан беа присутни голем број претставници од средните училишта кои истакнаа дека ова ќе биде од голем бенефит и за нив и за нивните ученици.
- Ние колегите кои држиме правни предмети во средните училишта не се познаваме меѓусебно, а делиме заеднички вредности, предмети, проблеми и така натаму. Ова е добар начин да се собереме на едно место во една организација. Тука ќе има можност да ги споделуваме своите проблеми и активности, а воедно ова е можност за перманентна соработка меѓу средното и високото образование - истакна Игор Христов од средното училиште „Љупчо Сантов“ во Кочани.
Денеска училиштата потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка. На средбата беше истакнато дека соработката е на рамноправна основа независно кој каква образовна институција репрезентира. Според организаторите, оваа соработка во иднина ќе се продолжува.