Посета на проректорот Кирил Барбареев на Словенија – искуства за развој на квалитетот кај студентите и академскиот кадар

Проректорот за настава на УГД, проф. д-р Кирил Барбареев, престојуваше во работна посета на Словенија. Проректорот Барбареев се сретна и разговараше со проректорот за квалитет на Универзитетите во Марибор, проф. д-р Лучка Лорбер, и проректорот за настава на Универзитетот во Копер, проф. д-р Соња Рутер, како и со раководителите на центрите за квалитет на овие универзитети.

Целта на посетата и на средбите е размена на искуства и идеи за развојот на кариерата на вработените, особено на младиот кадар, асистентите, асистентите-докторанди и младите наставници, преку што треба да се дојде до создавање на внатрешен систем за култура на квалитет.

Преку ваквата размена на искуства, според проректорот Барбареев, треба да се овозможат предуслови за развој на квалитетот и кај студентите според SPARQS модел и создавање на сопствен модел за вклучување на студентите во системот за обезбедување на квалитет и контрола на квалитет согласно со системот за внатрешна и надворешна евалуација на Универзитетот.

- Главен предизвик е да се подигне свеста на академската заедница, важноста за учество на сите вработени и студенти во процесот на евалуација на образовните и истражувачките активности. Концептот на одржлив и квалитетен развој е надграден со принципите на општествена одговорност. Во согласност со коминикето од Ереван, најголем акцент се става на квалитетот, квалитетот на образованието и важноста на наставата и учењето. Постојат различни модели, но сите се допираат околу главната цел, а тоа е универзитетот да создаде систем за  обуки на вработените, со акцент на квалитетот на наставата и поддршка на универзитетските професори за нивната дидактичка обука со цел одржлив и социјално одговорен развој на универзитетот. Центарот ќе организира настани, обуки, работилници на теми кои им се потребни на вработените за нивната работа. Ние сме убедени дека ќе придонесеме за севкупниот развој на вработените, проследено со визијата на УГД ќе придонесеме за зголемување на квалитетот на академската култура – изјави проректорот за настава, проф. д-р Кирил Барбареев.

Последен пат изменето на Понеделник, 04 Декември 2017 12:34
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…