Како инспирирација од изреката „France is always a good idea” првиот избор за овие работилници е Франција и вкусот на Франција. За таа цел Центарот за меѓууниверзитетска соработка при УГД во соработка со Францускиот институт во Скопје и Балканската асоцијација на Еразмус + алумни студенти (WBAA) ќе го организираат настанот Париз е празник, а Франција е сeкогаш добра идеја (Paris est une fête et la France est toujours une bonne idée).
Преку оваа работилница младите ќе се запознаат со можностите за студирање во Франција преку програмата Еразмус +, културните вредности на Франција, ќе имаат можност да дегустираат франциско вино, преку неформална дружба да научат француски зборови и, секако, да се доближат до француската уметност преку проекција на француски филм.
Првата работилница од овој серијал, посветена на Франција, ќе се одржи на 5 декември 2017 година, во 12 часот, во салата на Правниот факултет на УГД.