Приказ на предметите според таг: УГД Живот

Универзитетското студентско собрание при УГД на 11 мај 2021 год. ја одржа Првата конститутивна седница, по одржаните студентски избори по истекувањето на мандатот на студентските претставници.

За претседател на УСС при УГД е реизбран Мирко Наџаков.

Составот од членови-претставници од секој факултет во Универзитетското студентско собрание се:

·         Павел Герасимов - Факултет за нформатика;

·         Давид Георгиев - Факултет за информатика;

·         Милена Атанасова - Филолошки факултет;

·         Катерина Тасева - Филолошки факултет;

·         Деспина Соколова - Електротехнички факултет;

·         Деспина Јовановска - Електротехнички факултет;

·         Стефан Ѓурков - Правен факултет;

·         Мирко Наџаков - Правен факултет;

·         Кристијан Марков - Економски факултет;

·         Михаил Данев - Економски факултет;

·         Симона Трајкова - Земјоделски факултет;

·         Цветан Стојков - Земјоделски факултет;

·         Тодорче Трајановски - Факултет за туризам и бизнис логистика;

·         Сара Томевска - Факултет за туризам и бизнис логистика;

·         Катерина Филиповска - Факултет за образовни науки;

·         Ангела Арсовска - Факултет за образовни науки;

·         Ристе Горгијев - Музичка академија;

·         Марија Атанасова - Музичка академија;

·         Кристијан Живков - Факултет за медицински науки;

·         Стефан Мишовски - Факултет за медицински науки;

·         Никола Стефановски - Факултет за природни и технички науки;

·         Бојана Атанасова - Факултет за природни и технички науки;

·         Христијан Крстов - Машински факултет;

·         Васко Стојанов - Машински факултет.

Во овогодишниот мандат ќе се залагаме и ќе работиме во интерес на СИТЕ СТУДЕНТИ, сѐ со цел за подобар и поквалитетен процес на студирање.

Секој од членовите му стои на располагање на секој студент од тој факултет.

Со надеж за многу исполнети и реализирани проекти од секаков тип.

Се надеваме на успешна и плодна работа и соработка помеѓу Универзитетското студентско собрание и СИТЕ СТУДЕНТИ на Универзитет ҆Гоце Делчев҆ - Штип.

Ве поздравуваме сите студенти, останете во добро здравје“ – стои во изјавата на претставниците во Универзитетско студентско собрание при УГД.

Објавено во УГД Живот

Одбојкарите на „УГД студент“ во кадетска конкуренција ја освоија титулата во државното првенство. На финалниот турнир, кој се одржа во Струмица на 16 мај, беа најдобри во конкуренција на уште три екипи – „Мастерс волеј“ и „Јанта волеј“ од Скопје и „Весна Пробиштип“. Во полуфиналето, „УГД студент“ со 2:0 ја победи „Мастер волеј“, а „Весна Пробиштип“ со истиот резултат го елиминираше составот на „Јанта волеј“. Во финалниот натпревар, кадетите на УГД со 3:1 ги совладаа своите врсници од „Весна Пробиштип“. Со оваа титула во кадетска конкуренција штипските кадети остварија значаен континуитет, бидејќи истиот состав минатата година беше државен првак и во пионерска конкуренција.  

Од обврски на одбојкарите на „УГД студент“ остана уште одигрувањето на четвртфиналниот натпревар во младинското првенство, во сабота (22 мај) во Скопје, со „Јанта волеј“. Инаку, сениорските екипи ги завршија своите настапи сезонава, мажите го освоија шестото, а девојките десеттото место.

Објавено во УГД Живот

Делегација од Универзитетот „Гоце Делчев“, составена од ректорот проф. д-р Блажо Боев и проректорот за настава проф. д-р Мишко Џидров, денес положи свежо цвеќе на спомен-релјефот на великанот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев во Ново Село во Штип.

Во дворот на сегашниот Ректорат на УГД традиционално се одржува одбележувањето на годишнината од смртта на македонскиот револуционер.

Во истиот објект Гоце Делчев учителствувал во времето кога престојувал во Штип, а во објектот УГД има спомен-соба во која се поместени документи, фотографии, училишни клупи, оружје, кои сведочат за делото на големиот револуционер. Универзитетот од своето основање со гордост го носи името „Гоце Делчев“.

Во рамките на одбележувањето свежо цвеќе денес положија и претставници на институции кои го носат неговото име, политички партии и други релевантни организации.

 

Објавено во УГД Живот

Универзитетскиот сенат денес одржа седница на отворено, во дворот на Ректоратот. Почитувајќи ги сите протоколи, Сенатот расправаше по неколку точки на Дневниот ред меѓу кои зa:

  • Донесување Одлука за формирање на Комисија за спроведување на постапката за избор на претседател на Универзитетски сенат на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип;
  • Донесување Одлука за избор на претседател на Универзитетски сенат на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.​

Согласно со здравствените протоколи и актуелните правилници на УГД и Законот за високо образование, Сенатот ја спроведе постапката за избор на претседател и за претседател ја избра професорката д-р Винета Сребренковска од Технолошко-технички факултет при УГД.

Мандатот на претседателот на Универзитетскиот сенат е во времетраење од една година.


 

Објавено во УГД Живот

2021 EUA Annual Conference

Како член на Европската aсоцијација на универзитети, на конференцијата на Европската асоцијација на универзитети (2021 EUA “Universities 2030: From vision to reality”) учествуваше и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип преку своите претставници: проф. д-р Мишко Џидров, проректор за настава и студенти и проф. д-р Ленче Милошева, претставник на Универзитетот во EUA-CDE и национално стручно контакт-лице за програмата Widening participation and ERA (HORIZON, Europe).

Главна тема на конференцијата беше визијата за европските универзитети до 2030 година, како универзитети без граници.

Во услови на пандемија, климатски промени, економски и разни општествени промени на цела планета, европските универзитети остануваат доследни на својот пат да останата резилентни и релеванити фактори. Тие се отворени академски заедници, активно вклучени во креирање на одржливи глобални општества, автономни и поддржувачки ентитети, кои се борат за постојани подобрувања. Универзитетската базична мисија-студирање и предавање, научни истражувања и иновации, придонес кон културата - ќе играат клучна, инструментална улога во реализирањето на универзитетските напори за реализирање на визијата на EUA.

Годишната конференција на Европската асоцијација на универзитети понуди форум за дискусија како оваа визија, сите заедно да ја направиме реалност. Исто така, фокусот беше на улогата која универзитетите во соработка со партнерските институции ја играат во зајакнувањето на компетитивна и одржлива Европа.

        На Конференцијата, преку посебно искреирана дигитална платформа за учество, преку размена на искуства и добра практика беше овозможено воспоставување на нови академски контакти и соработки.

       Проф. д-р Мишко Џидров одржа состаноци со:

  • Marija Nekresova - Vice-President University Partnerships at Higher Ed Partners;
  • Faroujk Allouche од Université Catholique de Lille, со цел соработки помеѓу двата универзитета и потпишување на договор за соработка + Еразмус.

       Проф. д-р Ленче Милошева одржа состаноци со:

  • Stephane Berghmans, директор на Research & Innovation во EUA, член на EUA секретаријатот;
  • Alexander Hasgall, претседател на EUA-CDE во EUA;
  • Lior Gianni, Менаџер за истражувања на EUA во Женева.

Состаноците беа со цел обезбедување на поддршка од EUA и EUA-CDE за развојот на науката на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, посебно при аплицирање за научни проекти и иницирање и развивање на нови научни соработки.


Објавено во УГД Живот
Страница 11 од 144
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…