Одбојкарите на „УГД студент“ во кадетска конкуренција ја освоија титулата во државното првенство. На финалниот турнир, кој се одржа во Струмица на 16 мај, беа најдобри во конкуренција на уште три екипи – „Мастерс волеј“ и „Јанта волеј“ од Скопје и „Весна Пробиштип“. Во полуфиналето, „УГД студент“ со 2:0 ја победи „Мастер волеј“, а „Весна Пробиштип“ со истиот резултат го елиминираше составот на „Јанта волеј“. Во финалниот натпревар, кадетите на УГД со 3:1 ги совладаа своите врсници од „Весна Пробиштип“. Со оваа титула во кадетска конкуренција штипските кадети остварија значаен континуитет, бидејќи истиот состав минатата година беше државен првак и во пионерска конкуренција.
Од обврски на одбојкарите на „УГД студент“ остана уште одигрувањето на четвртфиналниот натпревар во младинското првенство, во сабота (22 мај) во Скопје, со „Јанта волеј“. Инаку, сениорските екипи ги завршија своите настапи сезонава, мажите го освоија шестото, а девојките десеттото место.