Универзитетскиот сенат денес одржа седница на отворено, во дворот на Ректоратот. Почитувајќи ги сите протоколи, Сенатот расправаше по неколку точки на Дневниот ред меѓу кои зa:
- Донесување Одлука за формирање на Комисија за спроведување на постапката за избор на претседател на Универзитетски сенат на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип;
- Донесување Одлука за избор на претседател на Универзитетски сенат на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
Согласно со здравствените протоколи и актуелните правилници на УГД и Законот за високо образование, Сенатот ја спроведе постапката за избор на претседател и за претседател ја избра професорката д-р Винета Сребренковска од Технолошко-технички факултет при УГД.
Мандатот на претседателот на Универзитетскиот сенат е во времетраење од една година.
Универзитетски сенат