Како член на Европската aсоцијација на универзитети, на конференцијата на Европската асоцијација на универзитети (2021 EUA “Universities 2030: From vision to reality”) учествуваше и Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип преку своите претставници: проф. д-р Мишко Џидров, проректор за настава и студенти и проф. д-р Ленче Милошева, претставник на Универзитетот во EUA-CDE и национално стручно контакт-лице за програмата Widening participation and ERA (HORIZON, Europe).
Главна тема на конференцијата беше визијата за европските универзитети до 2030 година, како универзитети без граници.
Во услови на пандемија, климатски промени, економски и разни општествени промени на цела планета, европските универзитети остануваат доследни на својот пат да останата резилентни и релеванити фактори. Тие се отворени академски заедници, активно вклучени во креирање на одржливи глобални општества, автономни и поддржувачки ентитети, кои се борат за постојани подобрувања. Универзитетската базична мисија-студирање и предавање, научни истражувања и иновации, придонес кон културата - ќе играат клучна, инструментална улога во реализирањето на универзитетските напори за реализирање на визијата на EUA.
Годишната конференција на Европската асоцијација на универзитети понуди форум за дискусија како оваа визија, сите заедно да ја направиме реалност. Исто така, фокусот беше на улогата која универзитетите во соработка со партнерските институции ја играат во зајакнувањето на компетитивна и одржлива Европа.
На Конференцијата, преку посебно искреирана дигитална платформа за учество, преку размена на искуства и добра практика беше овозможено воспоставување на нови академски контакти и соработки.
Проф. д-р Мишко Џидров одржа состаноци со:
- Marija Nekresova - Vice-President University Partnerships at Higher Ed Partners;
- Faroujk Allouche од Université Catholique de Lille, со цел соработки помеѓу двата универзитета и потпишување на договор за соработка + Еразмус.
Проф. д-р Ленче Милошева одржа состаноци со:
- Stephane Berghmans, директор на Research & Innovation во EUA, член на EUA секретаријатот;
- Alexander Hasgall, претседател на EUA-CDE во EUA;
- Lior Gianni, Менаџер за истражувања на EUA во Женева.
Состаноците беа со цел обезбедување на поддршка од EUA и EUA-CDE за развојот на науката на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, посебно при аплицирање за научни проекти и иницирање и развивање на нови научни соработки.