Приказ на предметите според таг: УГД Живот

Универзитетското радио „УГД ФМ“ беше дел од Македонскиот радиски фестивал МАРС, кој вчеравечер се одржа во Македонската опера и балет во Скопје. На овој фестивал беа прогласени најдобрите во македонската музика во 2015 година, според предлозите што ги даваат радиостаниците од државата, според тоа кои хитови најмногу се емитувале на нивната програма.

Објавено во УГД Живот

Теми од областа на биомедицината, биологијата, медицината, фармацијата, денталната медицина и други беа дел од Првиот интернационален симпозиум што го организираше Факултетот за медицински науки при УГД.

Објавено во УГД Живот

Првиот ректор на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип проф. д-р Саша Митрев доби уште едно признание за својот придонес во развојот на високото образование во Р. Македонија.

Објавено во УГД Живот

Студентите од Правниот факултет при УГД, заедно со своите колеги од Правниот факултет „Јустинијан Први“ на УКИМ и Правниот факултет на Државниот универзитет во Тетово, на трибина во Штип ги сумираа активностите и истражувањата на тема „Слобода на изразување и говор на омраза“.

Објавено во УГД Живот

Од 11 до 15 ноември 2015 година во Крагуевац, Р. Србија, се одржа 8. Конференција на Здружението на германисти на Југоисточна Европа (8. Јahreskonferenz des Südosteuropäischen Germanistenverbandes, Kragujevac), под наслов „Nähe und Distanz in Sprache, Literatur und Kultur“ („Близината и дистанцата во јазикот, културата и книжевноста“).

Објавено во УГД Живот
Страница 139 од 144
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…