- Целта на овој Симпозиум е на некој начин да ја доближиме науката до студентите, но и да ја претставиме науката од Универзитетот „Гоце Делчев“ и останатите партнерски институции во Македонија. Има различни теми кои се интересни. Интересна ќе биде темата за синтеза на нови соединенија. Темата за соединенијата кои се деривати од коензимот Q10 донесоа револуција во едно подрачје за кое е добиена и Нобелова награда. Сега има факти дека целиот механизам за тој митохондријален електронски трансфер може да се одвива и во друга насока. Тоа е многу интересна тема во последните неколку години.изјави деканот на Факултетот за медицински науки проф. д-р Рубин Гулабоски
Покрај професорите и научниците, теми на овој Симпозиум презентираа и студентите преку постер-презентации, а најдобрите од нив ќе добијат и соодветни награди за учеството.
- Нечести теми кои ги обработуваат студентите се од областа на биомедицината, на фармацијата и на денталната медицина.рече проф. д-р Рубин Гулабоски
На Симпозиумот што се одржа во Мултимедијалниот центар на УГД имаше 12 предавачи од кои четворица беа надвор од Македонија. Кај студентите имаше огромна заинтересираност, а сите учесници ќе добијат соодветни сертификати. Според најавите на деканот, овој Симпозиум има за цел да стане традиционален и секогаш ќе биде бесплатен.
Првиот интернационален симпозиум на ФМН
Видео