„УГД ФМ“ дел од Македонскиот радиски фестивал МАРС

Универзитетското радио „УГД ФМ“ беше дел од Македонскиот радиски фестивал МАРС, кој вчеравечер се одржа во Македонската опера и балет во Скопје. На овој фестивал беа прогласени најдобрите во македонската музика во 2015 година, според предлозите што ги даваат радиостаниците од државата, според тоа кои хитови најмногу се емитувале на нивната програма.

„УГД ФМ“ секоја година е дел од фестивалот, со тоа што годинава директно беше вклучено во жири-комисијата, а Дијана Насева, претставник на Радиото, на сцената на Македонската опера и балет ја додели Наградата за радиски рап, аренби или латино хит, која ја доби Тајзи.

На сцената продефилираа најдобрите пејачи од македонската музичка сцена, а за апсолутен радиски хит за 2015 година беше прогласена „Фрази љубовни“ на Тамара Тодевска и ДНК.

Последен пат изменето на Среда, 25 Ноември 2015 11:45
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…