Тој, заедно со ректорот на Универзитет „Гоце Делчев“ проф. д-р Блажо Боев, присуствуваше на одбележувањето на четиринаесетгодишнината од основањето на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде што од страна на ректорот на Универзитетот на ЈИЕ, проф. д-р Замир Дика, доби Благодарница за придонес во развојот на високото образование и за меѓусебна соработка.
Соработката на двата универзитета е на одлично ниво од основањето на Универзитетот „Гоце Делчев“, со насоки за продолжување и надградување и во наредниот период.