Филолошки факултет се претстави на конференција во Србија

Од 11 до 15 ноември 2015 година во Крагуевац, Р. Србија, се одржа 8. Конференција на Здружението на германисти на Југоисточна Европа (8. Јahreskonferenz des Südosteuropäischen Germanistenverbandes, Kragujevac), под наслов „Nähe und Distanz in Sprache, Literatur und Kultur“ („Близината и дистанцата во јазикот, културата и книжевноста“).

На оваа Конференција учествуваа претставници од филолошките факултети во Германија, Австрија, Швајцарија, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска и Македонија.

Претставник од Универзитет „Гоце Делчев“ и Катедрата по германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет беше проф. д-р Билјана Ивановска, која  учествуваше со свој труд и презентациjа со наслов „Pragmatisch-stilistische Bedeutung von Anredeformen, um Macht respektive Einfühlungsvermögen in der Sprache auszudrücken“.  Трудот беше прифатен со голем интерес и се обновија контактите со катедрите и факултетите од земјите на Југоисточна Европа и балканските соседни држави.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…