Приказ на предметите според таг: stipendii
Повик за учество на Работилница за дизајн размислување
Дизајнерките на накит Јана Ацевска и Мима Пејоска организираат дводневна бесплатна Работилница за дизајн размислување (DESIGN THINKING) во рамките на проектот Дизајн предизвик (DESIGN CHALLENGE).
„Дизајн размислување“ односно „DESIGN THINKING“ е пристап користен од страна на креативците низ цел свет, преку кој се решаваат комплексни задачи за да се стигне до свежо, иновативно решение, преку разни системски истражувања и оживувања на имагинацијата.
Практична настава во Шпаркасе банка
Шпаркасе банка Македонија АД Скопје ве поканува да ја реализирате вашата практична настава во нашите организациони делови:
- Микрокредитирање;
- Картично работење;
- Кредитна и депозитна администрација;
- Домашен и девизен платен промет;
- Експозитури.
Бесплатна oбука за човекови права
Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ ги поканува сите заинтересирани млади да се пријават на обуката „Човекови права“.
Практикантска работа во ЕВН Македонија
Дали сакате да го доживеете првото професионално искуство? Да научите како да извршувате интересни активности и притоа да докажете дека можете да се воодушевувате и ангажирате? ЕВН Македонија им нуди можност за извршување на практикантска работа на средношколците и студентите за време на летните месеци.
MOOC курсеви за англиски јазик
Американскиот Стејт департмент и Универзитетот во Пенсилванија нудат бесплатни онлајн курсеви под кратенката MOOC, кои се наменети за изучувачи на англискиот јазик за најразлични полиња. Овие курсеви се достапни преку платформата „Coursera“, платформа која соработува со врвни универзитети и организации ширум светот. Курсевите од секое поле се организираат двапати годишно и се со следниве теми: